Револуционерни промени во Лигата на шампионите!
Судирот помеѓу УЕФА и најбогатите европски клубови кои сакаат или сакаа да основаат свое натпреварување се уште е тема на која не и се гледа крајот, а разговорите на вљубениците во фудбалот наскоро би можеле да тргнат во друга насока, откако „протече“ планот на УЕФА за Лигата на шампионите во блиска иднина. Во прашање е изгледот на натпреварувањето од 2027. година.
Според документацијата, УЕФА наводно планира да ја оформи Лигата на шампионите на следниот начин:
Групите би се формирале со извлекување на клубови од десет групи во кои би можеле да бидат по максимално два клубови од една земја. Тие би биле составени според коефициентите на клубовите, на многу од нив ќе им гарантира настап во натпреварувањето, а на другите ќе им даде можност за пласман преку квалификациите.
Со ждрепка ќе биде одлучен изгледот на четири групи со по десет клубови во секоја. Во форматот во кој екипите би играле меѓусебно по еден натпревар, двете најдобри екипи по девет одиграни кола ќе изборат пласман во осминафиналето. Нив ќе им се приклучиат и екипите од третото до шестото место на табелата, кои за нокаут фазата ќе разигруваат. Седмо и осмопласираните екипи од групната фаза ќе ја продолжат сезоната во Лига Европа.