Револуција во Барселона, си заминуваат ЧЕТИРИНАЕСЕТ играчи

Иако Барселона до крајот на Примера, останати се уште две кола, може да ја освои шампионската титула, таа можност е во сферата на чиста математика. Две кола до крајот, каталонците заостануваат четири бода зад водечкиот Атлетико (имаат и полош меѓусебен скор), а два бода зад второпласираниот Реал. Накратко, и самите се свесни дека титулата е загубена.
Во Лигата на шампионите беа елиминирани во нокаут фазата, а посебно болен беше поразот од 4:1 од ПСЖ.
Барселона веќе неколку години е сенка на клубот кој не така одамна беше синоним за најубавиот и најубиствен фудбал на светот. Екипата која нанижа трофеи, денеска мора да се задоволи само со Купот.
Со оглед на тоа, управата на клубот, на чело со новиот претседател Лапорта, одлучи да направи целосен ремонт.
Каталонски Мундо Депортиво пишува дека донесена е одлука дури 14 играчи да имаат дозвола да го променат клубот, а со планираните засилувања, примарна цел е да се задржи Меси на Камп Ноу.
Мундо споменува 14 играчи, а седум од нив се именувани. Тоа се: Миралем Пјаниќ, Нето, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Матеус Фернандес, Филипе Кутињо и Мартин Брејтвајт. Статусот на останатите играчи не е до крај дефиниран, но секако продажбата доаѓа во обзир доколку пристигне нова понуда.