Револуција во Вимблдон по исклучувањето на руските и белоруските тенисери

Одлуката на Вимблдон да им забрани учество на Русите и Белорусите го подели тенискиот свет.

АТП најпрвин излезе со соопштение во кое го осуди ваквиот потег на најпрестижниот тениски турнир во светот, а сега отиде и чекор понатаму.

Според последните информации кои ги пренесоа медиумите, но ги потврдија и некои тениски тренери, АТП и ВТА наскоро ќе имаат состанок во Мадрид, а темата ќе биде вистински преседан.

Размислуваат да одземат бодови на Вимблдон за ВТА и АТП листата. Поточно, Вимблдон би станал најдобро организирана, најбогата и најмасовна егзибиција бидејќи никој не можел да освои ниту еден бод.

Алтернативата е да се најде решение за бодови кои ќе им бидат доделени на Русите и Белорусите врз основа на некои претходни резултати.

Веројатно има уште простор за договор со Вимблдон, но славниот турнир ќе одржи прес-конференција на 26 април.