Регионалниот состанок најави враќање на СЕХА лигата

Регионална соработка за развој на ракометотНа иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.
На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:
- формирање регионални машки и женски лиги за клубов
- можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
- машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
- предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
- иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални –
- формирање регионална кадетска лига за репрезентацииОвие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.