Реграги: Посакуваме да го завршиме Мундијалот со победа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграги, порачува дека неговата екипа посакува да го освои третото место на Светското првенство, и со победа над Хрватска да го заврши учеството во Катар.

„Не очекува важен натпревар и покрај нашето разочарување. Се надевавме дека ќе играме во финалето. Ќе дадеме се од себе на дуелот со Хрватска. Уморни сме, и психички и физички исцрпени, меѓутоа ќе настапиме со чисто срце и глава. Сакаме победа и посакуваме да го завршиме Мундијалот како третопласирана репрезентација“, изјави Реграги.

Натпреварот за третото место на СП во Катар, помеѓу Мароко и Хрватска ќе се одигра во сабота од 16:00 часот.