Реграгуи: Испишавме историја, и сега сонуваме за титулата на Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграгуи, изјави дека неговиот тим со пласманот во четвртфиналето на СП во Катар, испиша историја во оваа земја. 

Тој истакна и дека репрезентацијата има право да сонува и да се надева дека може да стигне до трофејот на Мундијалот во Катар.

Репрезентацијата на Мароко за прв пат во својата историја се пласира во четвртфинале на светско првенство во фудбал, откако после изведување на пенали успеа да ја елиминира Шпанија со 3:0.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе игра против Португалија.