Регуиљон пред потпис во Нотингем Форест

Нотингем Форест е во преговори за позајмица на левиот бек на Тотенхем, Серхио Регуиљон, соопштија дел од англиските медиуми.

Се верува дека разговорите се воделе во последниве недели додека Форест се обидува да најде покритие за левата бековска позиција. Регуиљон (25) беше редовен играч на Тотенхем откако дојде од Реал Мадрид во 2020 година, забележувајќи 67 настапи.

Сепак, со доаѓањето на Перишиќ, минутажата на Шпанецот ќе биде лимитирана. Тотенхем наводно сака целосно да ја покрие платата на Регуиљон, па останува да се потврди позајмицата деновиве.