Редовното собрание на ФФМ закажано за 14 март
На денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го закажа Редовното годишно изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 14 март 2021 година во Скопје.
Актуелниот претседател Муамед Сејдини ќе се кандидира за нов мандат откако доби поддршка од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево. Претходниот собир на највисокиот орган на ФФМ се одржа пред седум месеци, со строги протоколи поради пандемијата на коронавирусот.
Исто така Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која ја измени регулативата што се однесува на антидопинг материјата. Сите чинители во фудбалската организација имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат антидопинг правилата на НАДО МКД.