Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по светската титула
Над 1.5 милиони луѓе се обидоа да купат влезници за првиот
натпревар на фудбалската репрезентација на Аргентина откако ја
освои титулата на неодамнешното Светското првенство во Катар.
Влезниците за пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Панама се
распродадоа во рекорден рок и покрај високите цени во земјата која се
соочува со раст на инфлацијата.
Натпреварот ќе се игра на 23 март на стадионот „Монументал“ во
Буенос Аирес, најголемиот во земјата, со капацитет од 83.000
седишта. Влезниците се продаваа по цена од 59 до 241 долари, а за
купување билети се пријавија повеќе од 1.55 милиона лица.
Претстојниот натпревар предизвика и незапамтена медиумска
побарувачка со повеќе од 131.000 барања за акредитации.
Би сакале да можевме сè да исполниме, но ќе ни беа потребни два
стадиони на Ривер само за новинарите. Лудилото за Аргентина е
апсолутно, објави на Твитер претседателот на Фудбалската
федерација на Аргентина, Клаудио Тапија.