Рекорден ТВ-договор на НБА лигата
НБА лигата се согласи да ги продаде телевизиските права во следните 11 години на ЕСПН во сопственост на Волт Дизни, Ен-би-си Универзал во сопственост на Комкаст и Амазон за 77 милијарди долари. Овој нов договор важи од сезоната 2025/2026.
Лигата ја одби и понудата на ТНТ, која е во сопственост на Ворнер Брос Дискавери, бидејќи била пониска од понудата на Амазон, па по повеќе од четири децении ќе престане соработката меѓу НБА и ТНТ.
„Овој нов глобален договор за медиуми со Дизни, Ен-би-си Универзал и Амазон ќе ја зголеми достапноста на НБА натпреварите за навивачите во САД и ширум светот. Овие партнери ќе ја дистрибуираат нашата содржина низ широк спектар на платформи“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Според новиот договор, Дизни ќе емитува 80 натпревари од регуларниот дел дел од сезоната, Ен-би-си Универзал 100 натпревари и Амазон 75 натпревари.