Рекордно трошење на новиот сопственик на Челзи – 329,5 милиони евра за еден месец

Челзи ја имаше една од најпрометните зимски трансфер периоди во својата историја. Од Челзи потрошија околу 329,5 милиони евра за јануарски засилувања, без бонуси, повеќе од сите клубови во германската Бундес лига, италијанската Серија А, Француската Лига 1 и шпанската Ла Лига заедно.

Да потсетиме дека во зимскиот преоден рок, Челзи потпиша со Енцо Фернандез (121 милиони евра), Михаило Мудрик (70 милиони евра), Беноа Бадијашиле (38 милиони евра), Нони Мадуке (35 милиони евра), Мало Густо (30 милиони евра), Андреј Сантос (12,5 милиони евра), Давид Датро Фофана (12 милиони евра) и Жоао Феликс (позајмица за 11 милиони евра).

Челзи се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата. Избраниците на Греам Потер имаат осум победи и освоени 29 поени. Следниот натпревар лондонскиот тим го игра против Фулам на 3 февруари на домашен терен.