Рекорд на Баерн во ЛШ: Единаесет години без домашен пораз во групна фаза

Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.

За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.

Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3-2.

Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.

Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.