Рекуперацијата оди одлично, Мусиала ќе се врати побрзо од предвиденото

Добри вести за фановите на Баерн Минхен. Џамал Мусиала би можел да се врати на теренот до крајот на 2025 година.
Еден од најдобрите играчи на Баерн ја скрши ногата за време на Светското клупско првенство, кога се судри со голманот на ПСЖ, Донарума. Иако првичната прогноза беше ужасна, неговото закрепнување оди многу подобро од очекуваното.
„Мусијала сè уште користи патерици, но процесот е многу позитивен“, рече шефот на Баерн Минхен, Макс Еберл.
Тој, исто така, истакна дека закрепнувањето на Алфонс Дејвис исто така оди добро, па како и Мусиала, би можел да игра најдоцна во јануари 2026 година.