Реми во меч полн со емоции на Еурофарм Пелистер и Фредериција

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа крајно драматичен и неизвесен натпревар против Фредериција во рамките на 8.коло од Лигата на шампионите. Натпреварот во Битола донесе многу возбудувања, а на крајот немаше победник и средбата заврши со 29-29.
Во прво полувреме домашната екипа не успеваше да ја пронајде својата игра и во текот на првиот дел гостите беа во константна предност за на одмор да се замине со 13-16.
Во второто полувреме многу подобра игра на Еурофарм Пелистер и успеа да ја анулира предноста на Фредериција и а дојде и до предност, но за жал не и да победи пред домашната публика. Домашните ракметари го имаа последниот напад при резултат 29-29 и цела минута за да постигнат гол, но не успеаа во таа акција и средбата заврши без победник.