Реми во првите два натпревари од 11. коло на Првата лига

Првите два натпревара од 11.коло од Првата фудбалска лига завршија без победник. И на двата дуела водеа гостите: Работнички имаше и водство од 2-0 против Арсими, додека Башкими водеше со 1-0 против Македонија ЃП. Сепак домашните екипи стигнаа до нерешен резултат и еден бод.

Утре се играат натпреварите: Шкупи – Струга и Пелистер – Тиквеш, додека во петок на програмата се дербито меѓу Вардар и Силекс, како и дуелот Брера – Шкендија.

Почетокот на натпреварите е во 13:30 часот.

Табела: Вардар 24 бодови, Струга 23, Силекс 21, Шкендија 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 8, Пелистер 7, Работнички 7, Шкупи 1.