Ренар демантира дека ќе ја преземе селекцијата на Белгија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, ги демантира шпекулациите дека ќе биде нов селектор на Белгија.

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор откако Роберто Мартинез поднесе оставка после елиминацијата во групната фаза на Мундијалот во Катар. Тој во меѓувреме стана селектор на Португалија.

Фудбалскиот сојуз на Белгија неодамна објави оглас за избор на нов селектор, но се уште не е познато кој ќе го преземе водењето со селекцијата. 

Како еден од кандидатите кои се споменуваше за нов селектор е и Ренар кој ја демантираше веста дека е во игра за оваа функција. 54- годишниот Ренар во кариерата ги има водено Замбија, Ангола, Брегот на Слоновата коска и Мароко.