Ренато Санчез се сели во Серија А?

Ренато Санчез ова лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.
Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус во тимот. Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот.
Италијанските гиганти го сакаат Португалецот на едногодишна позајмица со право на откуп.