Ренова и официјално се откажа од Првата македонска фудбалска лига
Фудбалската федерација на Македонија, известува дека добило писмено известување од фудбалскиот клуб Ренова во кое се потврдува одлуката за откажување од настапот во Првата македонска лига за сезоната 2022/23.
После откажувањето на Ренова, македонскиот фудбалски шампионат ќе брои 11 екипи, па во секое коло еден тим ќе биде слободен.
Прва слободна екипа на почетокот од новото првенство ќе биде Македонија ЃП која требаше во првото коло да игра против Ренова.