Репрезентација до 15 години ќе одигра два пријателски натпревари со Србија во Скопје

Репрезентација до 15 години ќе одигра два пријателски натпревари со Србија во Скопје

Репрезентација на Македонија до 15 години, предводена од селекторот Горан Станковски, ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Србија.

Двете средби ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Првиот натпревар е закажан за 25 ноември со почеток во 13:00 часот, додека вториот ќе се одигра на 27 ноември од 11:00 часот.

Селекторот Горан Станковски за двата контролни натпревари против врсниците на Србија ќе смета на следните 24 фудбалери:

Голмани:
Огнен Божиновски (Вардар), Јован Даноски (Академија).

Одбрана:
Калин Аврамоски (Академија), Дин Рожајац (Академија), Ариан Исаку (Шкендија), Филип Богоевски (Академија), Ејман Емини (Академија), Хамза Зубери (Парк), Андреја Блажев (Академија).

Среден ред:
Павел Димоски (Академија), Фисник Амити (Шкендија), Доротеј Христов (Парк), Борис Матески (Струга Трим Љум), Васко Трајков (Брера), Борјан Костовски (Вардар), Јетмир Асани (Вардар), Константин Тренов (Академија), Диар Ајрулау (Шкупи).

Напад:
Виган Таири (Академија), Амар Незири (Арсими), Јован Јанчевски (Академија), Драган Петков (Тиквеш), Дијар Алиу (Шкупи), Јоан Ѓорѓиевски (Академија).