Ретеги се сели во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Аталанта, Матео Ретеги, кој беше најдобар стрелец во Серија А во изминатата сезона, може да добие понуда да се пресели во Саудискиот клуб Ал-Кадишија.
Се претпоставува дека првичната сума за трансферот ќе биде максимум 60 милиони евра.
Италијанецот во претходната сезона се појави на 36 средби и постигна 25 голови.