Рибери го засилува тимот кој наредната сезона ќе го следиме сите!

Силвио Берлускони и Адријано Галијани имаат намера повторно да станат хит на Апенините.
Заедно, после повеќе од 30 години на чело на Милан, го презедоа третолигашот Монца, со кој сега се во Серија Б за прв пат во историјата, а веќе во првата сезона се борат и за пласман во Серија А.
Берлускони и Галијани го искористија своето влијание да ги доведат Кевин Боатенг и Марио Балотели, а сега го сакаат и Франк Рибери.
Французинот настапува во Фиорентина, каде докажува и покрај годините дека се уште има фудбал во него. Рибери најдобрите години ги помина во Баерн, но за Монца тој секако би бил огромно засилување.
Монца во моментот е на второто место во Серија Б, со шест бодови помалку од Емполи и со ист број на бодови како и Киево и Салернитана, така што ќе има голема борба за пласман во елитата до самиот крај.
Доколку изборат пласман, нема сомнеж дека Рибери би бил заинтересиран да ја засили Монца.