Рио го советува Мегваер да си замине од Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед е во позитивна серија од пет последователни
победи по Светското првенство во Катар, а од сите пет меча, Хари
Мегваер беше стартер само на еден.
Ерик Тен Хаг на два натпервари одлучи да го игра Лук Шо како
стопер на местото на капитенот на Јунајтед, што според Рио
Фердинанд е повеќе од јасен сигнал дека Хари мора да си замине од
Манчестер.
Фердинанд се обиде да се стави во кожа на стоперот кој беше
стандарден стартер во тимот на Саутгејт на турнирот во Катар,
предолжувајќи му да го искористи овој јануарски преоден рок за да си
оди од клубот.
„Би му рекол на Хари да си оди веднаш. Да бев на негово место,
немаше да чекам. Лук Шо почна да игра како стопер на негово место.
Тоа е исто како јас да се вратам од Светско првенство, да играм добро,
а потоа на мое место да игра Патрис Евра во тимот“, рече Рио.