Руи Кошта потврди: Нема договор меѓу Бенфика и Реал за Карерас

Португалскиот великан Бенфика ќе настапува на Светското клупско првенство, а еден од членовите во тимот ќе биде и Алваро Карерас.
Овој фудбалер одамна го привлече вниманието на Реал Мадрид и шпанскиот клуб направил конкретен чекор пред одреден период во оваа насока, но понудата била одбиена од страна на Бенфика.
Тоа го потврдил претседателот Руи Кошта, кој јасно ставил до знаење дека Реал ќе треба да ги исполни барањета на Бенфика ако сака да го добие Карерас во своите редови.
„Не постигнавме договор со Реал Мадрид. Карерас е фудбалер на Бенфика и ќе игра за нас на Светското клупско првенство. Имаше понуда, но таа не ги исполни нашите очекувања, останува да видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок“, рекол Руи Кошта.
Во својот договор, Карерас има откупна клаузула од 50 милиони евра.