Рио Фердинанд се приклучи кон групата која сакаат Роналдо да седне на клупата

Легендарниот стопер, Рио Фердинанд, кој на времето играше со Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, се осврна на настапот на Португалија на тековниот Мундијал.
„Робeрто Мартинез плати висока цена за одлуката да го стартува Роналдо. Клучот ќе биде како ќе се справи со тоа. Тој треба да биде на терен 30 минути пред крајот на мечот, кога противникот е уморен.
Мислите дека некому му е грижа кој ќе го подигне трофејот како капитен? Не. Има 41 година, сигурен сум дека и самиот Роналдо го разбира тоа“, рече Фердинанд.