Ристевски: Одигравме добро, штета што загубивме

Кире Ристевски не настапи на првиот натпревар со Австрија на ова ЕП, но ја чека својата шанса на следните два натпревари. По вчерашниот натпревар тој даде свое мислење околу се она што се случуваше на оваа средба, но најави борба до крајот против Украина.

„Беше тешко, по химната се наежив, уште тогаш имаше емоции кај мене. Но, за жал, селекторот одлучи да останам на клупата. Натпреварот го видов доста добро, соиграчите играа доста добро. Јас бев спремен да одговорам на предизвикот. Штета што загубивме, бевме доста добри, се надевам дека на следниот натпревар ќе ја подобриме нашата игра. Околу натпреварот со Украина, можам да ветам дека ќе дадеме 100% од можностите за да ги израдуваме сите, посебно нашите навивачи кои допатуваа тука во Букурешт и дадоа големи напори да бидат со нас. Мислам дека и со Украина ќе биде сличен меч како со Австрија, се работи за агресивна екипа која ќе сака да наметне темпо. Следуваат анализи за овој натпревар, ќе видиме со селекторот околу насоките. Мора да бидеме спремни за борба и агресивност“, изјави Ристевски.