Ристовски: Пријател сум со многу играчи на Португалија, но секој сака да победи
Капитенот на нашата фудбалска репрезнетцаија, Стефан Ристовски помина неколку години во Португалија, настапувајќи за Спортинг Лисабон и сосема очекувано беше главна „мета“ на медиумите во оваа земја пред утрешниот натпревар.
Ристовски одговараше на сите прашања, а посебно беше прашуван за односот со дел од фудбалерите на Португалија.
„Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме овде, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе дојде натпревар во кој против Португалија ќе се бориме за еден мундијалски билет. Но, фудбалот е таков и нуди вакви предизвици.
Едно изненадување приредивме, а сега сме тука пред 50.000 Португалци да се обидеме пак да се надминеме себеси. Ја познавам Португалија, минав тука доста време, се чувствувам и Португалец. Син ми е роден тука, ме врзуваат убави спомени тука и среќен сум што оставив траги и по моето заминување. Во одличен однос сум со многу фудбалери од Португалија, посебен е мојот однос со Бруно Фернандеш, а таков ќе биде нашиот однос и по натпреварот. Често разговараме со Бруно за сите детали поврзани со фудбаллот. Му пренесов на селекторот што можам да помогнам околу противникот. Се забораваат пријателствата, бидејќи победа може да ни донесе историски успех“, смета нашиот капитен Стефан Ристовски.