Ристовски со мала провокација до Бруно Фернандеш: Те очекувам во баражот

Македонската фудбалска репрезентација со победите над Ерменија и Исланд обезбеди место во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, каде еден од можните противници ќе биде и селекцијата на Португалија.

Капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски, реши да го „испровоцира“ португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, кој е негов поранешен соиграч и пријател од екипата на Спортинг Лисабон.

Стефан Ристовски објави Инстаграм пост со фотографија преку која му порача на Фернандеш дека го чека во Баражот.