Ристовски: Фановите заслужуваат да ја видат репрезентацијата

Македонската репрезентација ја очекува првиот тест пред настапот на Европското првенство, дуелот со Словенија на домашен терен и тоа со ограничен број на гледачи на трибините на нашиот најголем стадион.

На прес-конференцијата како најава на дуелот зборуваше дефанзивецот Стефан Ристовски кој рече дека е среќен што конечно на нашиот стадион ќе се вратат навивачите и ќе може да ги бодрат од трибините.

„Имаме два натпревари пред нас и сме фокусирани на нив. Мислам дека имаме доволно време за подготовка пред почетокот на Европското првенство. Првиот меч на ЕП го играме против Австрија. Пред две години не победија убедливо во Скопје, јас тогаш реагирав незадоволно поради начинот на кој што се претставивме. Но, мислам дека тоа беше чувството кај сите нас. Одамна не сме играле пред публика. Навистина македонската нација заслужи да нè гледа по толку време“, рече Ристовски.

По натпреварот со Словенија, Македонија ќе има уште еден тест натпревар со Казахстан исто така на домашен терен.