Ричарлисон желен да го докаже квалитетот во Тотенхем
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/06/ricarlison.jpg)
Фудбалерот на Тотенхем, Ричарлисон, ги коментираше шпекулациите дека за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид кој бара замена на Карим Бензема кој замина во Саудиска Арабија.
„Се разбира, Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Секој играч сака да го носи тој дрес. Но, имам договор и морам да докажам зошто Тотенхем ме купи по голема цена“, изјави Ричарлисон.
Бразилецот дојде кај „спарси “ пред една година за големи 60 милиони фунти. Тој во првата сезона во лондонскиот клуб постигна само три гола и направи четири асистенции на 35 натпревари во сите конкуренции.