Ријека го претстави Јован Манев
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/Manev-Rijeka.jpg)
Македонскиот фудбалски репрезентативен стопер Јован Манев има нов клуб откако си замина од редовите на турска Адана Демирспор. Манев за оваа екипа настапуваше во изминатите три години, а од денес е нов играч на Ријека.
24-годишниот фудбалер беше дел од Адана од 2022 година, во меѓувреме имаше една позајмица во Осијек. Сепак, тој се одлучи да замине од клубот и да бара нов предизвик во шампионатот на Хрватска кој му е познат.
Манев се врати во Хрватска, каде ќе продолжи во Ријека. Договорот на двете страни е до 2027 година, а во новиот клуб ќе настапув во дресот со број 15.
Манев има седум настапи и еден постигнат гол за сениорскиот тим на Македонија.