Роберто Карлос одбил неколку понуди да потпише за клуб од Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и на Бразил, Роберто Карлос, изјави дека во текот на неговата кариера можел да игра во Астон Вила, Бирмингем или Челзи.
„Се што требаше да направам е да потпишам договор. Тоа беше единственото нешто што не го направив иако бев многу блиску. Астон Вила во 1993 година, Бирмингем во 1994 година и Челзи во 2007 година. Сакав да играм во Англија, но, не жалам. Играв за Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Сега дефинитивно нема да играм во Премиер-лигата, но, секој натпревар го гледам на телевизија“, изјави Роберто Карлос.