Роберт Андрих доби нов договор во Леверкузен

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен го продолжи договорот со играчот од средниот ред Роберт Андрих до јуни 2028 година, јавија медиумите во Германија.

Тој беше донесен од Унион Берлин во 2021 година, а неговиот прв договор со „фармацевтите“ истекуваше летото 2026 година.

„Роберт Андрих стана клучен играч за нашиот тим, а исто така игра одлично и со репрезентацијата. Она што го покажа на ЕУРО 2024 со Германија е одлична демонстрација за развојот што го имаше во последните неколку години“, рече спортскиот директор. Симон Ролфс.