Роберт Санчез од Брајтон пред потпис со Челзи

Челзи ја договори цената на голманот Роберт Санчез со Брајтон. Ова
го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот
„Твитер“.
Според Романо, 25-годишниот голман ќе ги чини Сините 29 милиони
евра со бонуси. Исто така, се истакнува дека лондонскиот клуб се
уште преговара со оваа екипа во врска со играчот од средниот ред
Мојсес Каиседо.
Роберт Санчез се пресели во Брајтон од Леванте на 17 години.
Голманот играше како позајмен за Форест Грин во Втората лига и
Рочдејл во Лига 1.
За првиот тим на својот клуб одигра 90 натпревари. Голманот има
еден официјален натпревар за шпанската репрезентација.