Робинсон постигна 54 поени, Крива Паланка го доби дербито со Вардар
Неверојатно возбудлив, максимално неизвесен, до самиот крај, натпревар одиграа кошаркарките на Вардар и на Крива Паланка во кој на крајот победата ја однесоа гостинките од Крива Паланка (96-98).
Дијани Робинсон реализираше неверојатни 54 поени за екипата на Крива Паланка во дерби дуелот од третото коло против Вардар. Капитенот алексовска постигна 15, а другата Американка во гостинската екипа, Меклејни додаде уште толку.
Репрезентативката Илина Селцова, која во меѓувреме се врати во „црвено-црниот“ ростер, заврши со 23 поени, другото репрезентативно име во екипата на Вардар, Елена Тасевска даде 22, додека капитенот Зафировска и Матие, беа стрелци на по 15 поени.