Робињо осуден на затворска казна за силување, ќе мора да одлежи во Бразил

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Робињо ќе отслужи затворска казна за силување во Бразил.

Според изворот, Високиот суд на правдата гласал да ја одобри казната на италијанскиот суд против Робињо, со тоа што казната е префрлена во Бразил. Се истакнува дека барањето за ратификација на странската пресуда ги исполнувало сите законски и процесни услови. Барањето за потврдување на италијанската казна е поднесено затоа што Бразил не ги екстрадира своите државјани на издржување казни во странство.

Одлуката може да биде обжалена од одбраната на Робињо во самиот суд и во Федералниот врховен суд.

Да потсетиме дека Робињо во 2017 година беше осуден на девет години затвор за силување во ноќен клуб во Милано во 2013 година, кога играше за Милан. Робињо и четворица негови пријатели, според италијанската правда, малтретирале млада Албанка која тој ден славела роденден.