Родик застана во одбрана на Медведев по загубеното финале во Сиднеј

Данил Медведев е еден од најдобрите светски тенисери, играч кој постојано е при самиот врв игра финалиња, освојува титули, но и понатаму има луѓе кои доста го критикуваат.

Енди Родик многу добро знае што значи големата сцена и што значи да си прв, да си меѓу најдобрите, па имаше што да порача кога е во прашање рускиот ас.

„Тој е еден од најпотценетите играчи во историјата. Ќе кажам веднаш, тој е подобар од мене. Има околу дваесет титули. Освои многу мастерси, завршен мастерс, беше број еден, го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на грен слем, -рече Американецот кој во свој стил ги „поздрави“ оние кои сметаат дека Данил ќе остане на еден грен слем пехар.

Играше во две последователни грен слем финалиња. Идиоти кои не знаат што зборуваат го нарекуваат „One Slam Wonder“, истакна Енди.

Инаку Медведев има шест грен слем финалиња во досегашната кариера, ама славеше само во едно и тоа во 2021 година кога со 3-0 го разби Новак Ѓоковиќ на „Ју-Ес Опен“.