Родриго го јануари заминува од Реал Мадрид

Медиумите од Бразил пренесуваат дека на Родриго му се смачило да биде на клупата за резерви, напаѓачот размислува за трансфер во зимскиот преоден рок и Премиерлигата е неговата посакувана дестинација.
Родриго падна во втор план по пристигнувањето на Чаби Алонсо на кормилото на Реал Мадрид, напаѓачот беше стартер на само три натпревари оваа сезона и се чинии дека ситуацијата нема да се промени – тој ќе продолжи да дреме на клупа.
Како што пренесува ЕСПН Бразил, Родриго е прилично незадоволен од својата улога, па сериозно размислува да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Репрезентативецот на „кариоките“ би сакал да ја продолжи кариерата во Премиерлигата, веќе беше поврзуван со Челси и Арсенал изминатово лето.
Тогаш се споменуваше сума од 80-100 милиони евра, но сега цената може да биде намалена.