Родриго се повреди, нови грижи за Карло Анчелоти
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго вчера не настапи на натпреварот со Лил (0-1) поради проблеми со грбот. Ова го потврдија по натпреварот од „кралскиот клуб“.
Родриго го мина вториот меч од Лигата на шампионите на клупата за резерви, откако се повреди на неделниот натпревар од Ла Лига против екипата на Атлетико Мадрид.
Според информациите, сепак, не станува збор за посериозна повреда и се очекува Родриго брзо да се врати во стартниот тим на Анчелоти.