Родри и Мората суспендирани на еден натпревар
Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги суспендираше на еден натпревар шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората поради нивното однесување за време на прославата на трофејот освоен на Евро 2024, објави прес-службата на организацијата.
Инцидентот се случи на 15 јули во Мадрид. За време на прославата на победата на Европското првенство, фудбалерите постојано ја извикуваа паролата „Гибралтар е Шпанија“.
Во врска со ова, Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе жалба до УЕФА.
Репрезентацијата на Шпанија ја победи Англија со 2-1 во финалето на Европското првенство одржано пред два месеца во Германија.