Ролан Гарос пак ќе биде поместен за вториот дел на сезоната

Жил Моретон, претседател на тениската федерација на Франција, најави дека Грен Слем турнирот на терените на Ролан Гарос може да биде одложен втора година по ред поради пандемијата со ковид-19.
„Ако мора да останеме во карантин најмалку два месеца, сосема е реално да се откаже турнирот. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи да има одреден број навивачи “ потенцира првиот човек на франскускиот тенис.
Минатата година турнирот беше префрлен во терминиот од 27 септември – 11 октомври а титулата ја освои Рафаел Надал.