Романија доби службена победа во дуелот со Косово
Европската фудбалска унија (УЕФА) со службрн резултат 3-0 за Романија го регистрираше прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово одигран во Букурешт. Натпреварот се одигра пред пет дена во рамкина Ц дивизијата во Лигата на нации.
Репрезентативците на Косово, на три минути до крајот на натпреварот се повлекоа од теренот поради провокациите од трибините, односно извиците: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Подоцна го игнорираа повикот на главниот судија да излезат од соблекувалната и да го доиграат натпреварот.
УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Косово и парично со 6.000 евра за непримерно однесување.