Романската федерација казнета заради политичкиот транспарент против Косово

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Романија со играње на еден натпревар без присуство на публика и парична казна од 52.000 евра поради инцидентите со на натпреварот од квалификациите за ЕП против Косово, соопшти УЕФА.

На 12 септември Романија го победи Косово 2-0 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, а натпреварот беше прекинат во 23. минута поради скандирањата на тамошните навивачи: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.

Романија не го признава Косово како независна држава, но УЕФА не дозволува политички скандирања на фудбалските натпревари. Романија на 15 октомври без присуство на навивачи ќе ја пречека селекцијата на Андора во натпреварот од групата И од квалификациите за ЕП 2024 година.