Романски репрезентативец дебитираше на 15 години!

Енес Сали дебитираше во квалификациите за СП 2022 против Лихтенштајн. Тој се појави во игра во 82. минута и со тоа стана најмладиот фудбалер кој настапил за европска репрезентација на официјален натпревар.

Сали тоа го направи со 15 години и 264 дена. Претходниот рекорд му припаѓаше на Мартин Јодегер, кој дебитираше за Скандинавците на 15 години и 300 дена. Норвежанецот тоа го направи во август 2014 година на пријателски натпревар  против ОАЕ.

Што се однесува до Сали, тој е роден во Канада а неговите родители се Турци.