Ромањоли сега сака да остане во Милан и догодина
Иако се очекуваше дека сигурно ќе си замине на лето, сепак Алесио Ромањоли може да остане во Милан.
Договорот на дефанзивецот со Милан истекува на крајот на сезоната и првично не беше задоволен од понудата на „росонерите“ за продолжување на соработката.
Изминатите денови италијанските медиуми тврдеа дека Ромањоли кариерата ќе ја продолжи во Лацио, клуб за кого навива од дестсвото бидејќи е роден во Рим.
Меѓутоа, понудите од другите клубови сепак не се повисоки од понудата на Милан, па најверојатно Ромањоли наскоро ќе стави потпис на нов договор со „росонерите“, бидејќи се чуствува одлично во Милан.