Рома го доби градското дерби, покажани девет жолти и еден црвен картони

Фудбалерите на Рома славеа победа во римското дерби против Лацио вечерва со 2-0 и со овие три бода дојдоа точно до средина на табелата.

Натпреварот беше решен во првото полувреме кога Рома ги постигна двата гола со кои ја обезбеди победата.

Резултатот го отвори Лоренцо Пелегрини во 10. минута по асистенција на Салемакерс. Само осум минути подоцна и самиот Салемакерс се запиша во листата на стрелци.

Во второто полувреме Лацио беше далеку подобар противник, имаше поголем посед на топката, повеќе удари, додека Рома упати само еден. Сепак, избраниците на Барони не успеаа да го најдат патот до мрежата на Свилар.

Лацио во последните моменти од натпреварот остана и со играч помалку откако исклучен беше Кастељанос.

По 19 одиграни кола Лацио се наоѓа на четвртата позиција со 35 бода, додека Рома е десетта со 23 бода.