Рома го претстави новиот тренер, Гасперини пристигна во Рим

Италијанскиот стручњак Џанпјеро Гасперини е назначен за тренер на Рома.
Како што беше објавено, Гасперини потпишал договор со челниците на „волчицата“ до јуни 2028 година.
„Рома го објавува назначувањето на Гасперини за нов главен тренер на клубот. Кариерата на Гасперини е дефинирана со креативни тактики, посветеност на напорна работа и исклучителен развој на играчите. Сите во клубот веруваат дека Гасперини е вистинскиот човек за оваа мисија“, се вели во соопштението на клубот.
Искусниот стручњак ја водеше Аталанта од 2016 до 2025 година, со која минатата година ја освои Лига Европа.
Двапати, во 2019 и 2020 година, беше прогласен за најдобар тренер во Серија А.
Пред Аталанта, тој ги водеше, меѓу другите, Џенова, Палермо и Интер.