Рома го убедува Раниери да остане и следната сезона

Рома под водство на Клаудио Раниери ја крена формата и бележи одлични резултати, но тој има договор само до крајот на сезоната.
Раниери беше во пензија кога Рома тропна на неговата врата и го убеди да биде тренер.
Договорот беше тој да ја води волчицата, но пралелно да му помогне на клубот да најдат нов тренер за следната сезона.
Поради одличните резултати кои ги има, газдите на Рома не сакаат да бараат друг тренер, туку сакаат Раниери да остане и следната сезона.
Нејасно е уште каков ќе биде неговиот став. Во меѓувреме Рома се поврзуваше со тренери како Сари, Анчелоти, Алегри…