Рома експресно го отпушти Јуриќ по поразот од Болоња
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/11/juric-1024x682.jpg)
Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Рома, објавено е на официјалниот сајт на римскиот клуб.
49-годишниот фудбалски стручњак ја презеде екипата на Рома во септември. Под негово водство тимот одигра 12 натпревари, од кои четири победи, три пати одигра нерешени и пет пати загуби.
Рома денес загуби од Болоња (2-3) во натпреварот од 12. коло во Серија А.