Рома одлучи да го откупи Шпанецот Борха Мајорал

Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал. 23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра. Ако опцијата за откуп не биде активирана ова лето, следната година сумата ќе биде 20 милиони евра. Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона има постигнато 13 гола и 7 асистенции.