Рома подготвена да го доведе Лукаку
Новинарски извори од Италија пренесуваат дека фудбалскиот клуб Рома ова лето подготвува продажба на Тами Абрахам, и како негова замена да го доведе Ромелу Лукаку.
Според проценките, од Рома за продажба на англискиот голгетер во летниот преоден рок ќе побаруваат околу 40 милиони евра. Најзаинтересирани клубови за доведување на 25-годишниот Абрахам се споменуваат Астон Вила и Челзи.
Лукаку оваа сезона настапува за Интер како позајмен фудбалер на Челзи. Тој на крајот од сезонава нема да остане во клубот од Милано, а Челзи не го сака повторно во своите редови. Единствен проблем за Рома во обидот за доведување на Лукаку би била неговата висока плата.